Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека 48-годишната Олга Семидјанова е убиена во борбите со руските сили во регионот на Доњецк.
Од 2014 година работи како воен лекар на терен. Министерството објави и дека таа е мајка на 12 деца, од кои шест посвоила. Таа беше добитничка и на наградата „Мајка на хероин“ што им се доделува на мајки со повеќе од пет деца.
Веста за нејзината смрт на 3 март ја објави и една од нејзините ќерки на социјалните мрежи.
Киев Индипендент пишува дека поминале 14 дена од нејзината смрт, а несреќната жена се уште не е погребана. Имено, поради жестоките борби во околината, семејството не може да го организира погребот.
„Знаеме каде е убиена мајка ми, но не знаеме кому да се обратиме за да го донесеме телото дома. Не знаеме дали е погребана таму“, вели нејзината ќерка Ана.