Поранешниот партнер на Шакира, Жерар Пике, наводно се заканил дека ќе убие шпански новинар, откако го прашал за новата песна на пејачката.
Новинарот Жорди Мартин тврди дека поранешниот играч на Барселона се обидел да го прегази и дека со него во тој момент била неговата нова девојка Клара Чиа Марти.
Инцидентот се случил откако Пике и Клара пристигнале во куќата на неговите родители, каде ги пречекале папараците. Новинарот потоа го замолил Пике да ја коментира неодамнешната соработка на Шакира со Карол Џи за песната „TGQ“, во која тие пеат за поранешните партнери кои ги повредиле.
Пике наводно не сакал да одговори на ниту едно прашање и влегол во куќата. Но, на излегување тој наводно се обидел да го прегази новинарот.
„Денес имав непријатна ситуација со Жерар Пике и Клара Чиа. За малку ќе ме прегазеа“, изјавил Мартин за „El Gordo y La Flaca“. „Кога излегоа во автомобилот, Пике нагази на гасот и почна да вози кон мене. Малку подоцна се разминавме на улица и двајцата ми се смееја и ме навредуваа“, додал тој.
Мартин тврди дека Жерард после тоа му праќал закани на мобилниот телефон. „Пике го доби мојот мобилен број и дури ми се јави велејќи дека ќе умрам. Тоа не е првпат“, рекол тој.