More

    Два воени авиони „Сиаи 60 Стормо“ се судрија денеска во близина на Рим, двајцата пилоти се мртви

    spot_img

    Два воени авиони „Сиаи 60 Стормо“ се судрија денеска нешто пред 12 часот во близина на Рим. Еден од авионите паднал во поле во близина на гратчето Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во овој мал град на периферијата на Рим. Двајцата пилоти се мртви, пренесува „Кориере дела Сера“.

    Според неофицијални информации, четири авиони полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренинг лет над блиското село, а не е јасно како завршиле на небото над градот.

    Останатите двајца пилоти слетале безбедно и ќе бидат сослушани во следните неколку часа.Италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот на Сенатот Игнацио Ла Руса по падот на авионот изразија сочувство до семејствата и до колегите на настраданите пилоти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img