More

    Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Филипините

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди во вторникот јужниот дел на Филипините, објави Американскиот геолошки институт (USGS), додека локалните власти ги предупредија жителите на можноста од последователни потреси.

    Плиток земјотрес е регистриран во седум часот наутро по средноевропско време, на неколку километри од Марагусан во планинската провинција Давао де Оро, на островот Минданао, на југот од архипелагот.

    Канцеларијата за катастрофи во Марагусан добила дојава за свлечиште на националниот автопат, без извештаи за други штети или жртви, но ќе ги посетат околните села за да ја проверат состојбата на терен.

    Земјотресите на Филипините се секојдневна појава. Таа земја се наоѓа на пацифичкиот „Огнен прстен“, зона со голема сеизмичка и вулканска активност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img