Гери Росингтон, последниот преживеан член на оригиналниот состав на бендот „Lynyrd Skynyrd“, почина на 71-годишна возраст.
Росингтон почина во неделата, 4 месеци пред бендот да тргне на следната турнеја.
Причината за смртта на гитаристот не е наведена.
Росингтон со години се борел со здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар во 2015 година и итна операција на срцето во 2021 година.
„Со наше најдлабоко сочувство и тага мораме да ве информираме дека денеска го загубивме нашиот брат, пријател, член на семејството, текстописец и гитарист Гери Росингтон. Гери сега е со своите браќа и семејството Скинирд на рајот и свират прекрасно како и секогаш“, изјавија од бендот.
Росингтон сакал да стане професионален играч на бејзбол, но откако ги слушнал „Ролинг стоунс“, се свртел кон музиката.
Меѓутоа, бејзболот го довел до настанување на групата која му ја одбележа кариерата.
Росингтон, Бернс и Џанстром го запознале на натпревар пејачот Рони ван Зант, кој играл за ривалскиот бејзбол тим, и заедно свиреле под настрешницата на куќата на родителите на Бернс.
Инаку, Росингтон во текот на животот поминал низ тешки моменти.
Во 1977 година во Мисисипи се урнал авионот со кој бендот патувал, а во несреќата загинале Ван Зант, гитаристот Стив Гејнс, неговата сестра и придружниот вокал Кеси Гејнс, како и помошник менаџерот Дин Килпатрик и двата пилоти. Во авионската несреќа преживеале 20 луѓе, вклучувајќи го и Гери, кој бил онесвестен, а потоа се разбудил со авионската врата врз неговото тело.