Во последните денови мејловите со закани за поставени бомби, кои пристигнаа на повеќе македоснки школи и институции, се испратени од адреси во Иран и во Русија – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на Телевизија 24.
– Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата, вели министерот Спасовски.
Тој рече дека интензивно се работи на откривање на сторителите, посочувајќи дека од 19 октомври па се до денеска со опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави.
Тој додава дека новото упатство прави проценка на ризик, па оттука и отсега па натаму ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата.
Спасовски посочи дека е направен оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараат соодветни решенија за да се најде поинаков пристап кон електронските закани, исто така, нагласувајќи дека е донесено ново успатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство.