Со одлука на Владата денешниот ден во Албанија е ден на национална жалост во знак на почит за жртвите во железничката несреќа во Грција.
На сите државни институции, како и на албанските дипломатските претставништва во светот, знамето е спуштено на половина копје, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама.
-„Трагедијата на Грција е и наша трагедија, болката за изгубените животи во страшната несреќа е и наша и ова е еден од оние моменти во животот, кога една голема загуба кај соседот покажува многу повеќе од сто радости дека нашите животи се нераскинливо поврзани и дека мораме да дадеме се од себе да ги направиме што е можно подобри, соработувајќи се повеќе и повеќе меѓу себе“, напиша Рама.
Министерството за Европа и надворешни работи соопшти дека со ДНК анализа е потврдено дека меѓу јагленисаните тела се и телата на четворица студенти-Албанци, од нив две девојки, а за уште еден кој се води како исчезнат се чека ДНК анализа.
Жртвите се Ифигенија Миска, Павлин Бозо, Јоанис Џола и Клаудиа Лата, кои живееле во Грција, а некој од нив имал и грчко државјанство.
Албанската Влада 13 февруари го прогласи за ден на национална жалост во знак на почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција.