More

    Ова одамна требаше: Обезбеден е глобален договор за заштита на отворено море

    spot_img

    Преговарачите од повеќе од 100 земји го завршија изготвувањето на договорот на ОН за заштита на отвореното море, долгоочекуван чекор за кој еколошките групи велат дека ќе помогне во обновувањето на морската биолошка разновидност и ќе обезбеди одржлив развој.Обврзувачкиот договор за заштита и обезбедување одржливо користење на морскиот биодиверзитет, за кој се дискутираше 15 години, конечно беше договорен по пет рунди долготрајни преговори предводени од ОН, кои завршија во саботата во Њујорк, еден ден по крајниот рок.

    „Бродот отплови до брегот“, изјави претседателката на конференцијата на ОН, Рена Ли, по маратонските завршни разговори што траеја пет дена.

    Договорот се смета за клучна компонента во напорите до крајот на деценијата да бидат под заштита 30 отсто од копното и морињата во светот, познат како „30 за 30“, што беше договорено во декември во Монтреал.

    Економските интереси беа најголемиот камен на сопнување во последната рунда преговори што почна на 20 февруари. Земјите во развој бараа поголем дел од заработката од „сината економија“ вклучително и трансфер на технологија.

    До самиот крај предмет на дискусија беше договорот за размена на придобивки од „морските генетски ресурси“ кои се користат, на пример, во биотехнологијата.

    Гринпис тврди дека 11 милиони квадратни километри океан мора да бидат заштитени секоја година за да се постигне целта до 2030 година.

    Многу малку од отвореното море е под каква било заштита, а загадувањето, киселоста и прекумерниот риболов се зголемени закани.

    „Земјите мора формално да го прифатат договорот и да го ратификуваат што е можно поскоро за тој да биде имплементиран“, рече Лаура Мелер од Гринпис, која учествуваше во разговорите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img