Рускиот филмски режисер и сценарист Карен Шахназаров („Курир“, „Белиот тигар“) за време на гостувањето во програмата „Вечерва со Владимир Соловјов“ што се емитува на руската државна телевизија „Русија 1“ рече дека Русите „мора да си признаат себеси дека тие би можеле да ја изгубат војната во Украина“.
– Во случај на пораз би можеле да се соочиме со најсериозните последици. Мора да признаеме дека можеби ќе загубиме! Не се согласувам со оние кои велат дека не треба да се каже дека може да изгубиме и дека сигурно ќе победиме. Не сум сигурен! Не знам! Мора да признаеме дека може да загубиме. Ако не го сториме тоа, нема да бидеме подготвени да бараме различни опции. Работите нема да се случат сами по себе. Тоа е слабост! Тоа не е сила, тоа е слабост – изјави Шахназаров.
Режисертот Шахназаров, кој ужива голем углед во руската јавност, рече дека Русите мора да се соочат со вистината.
– Мора да бидете подготвени да ја погледнете вистината во очи. Мора да бидете способни да ги видите вашите силни и слаби страни. Мора да ја погледнете ситуацијата. Нашето општество не е организирано за ваков вид војна. Едноставно не е! Ваква војна, битка со цел Запад… Кој ќе победи? Дисциплина и солидна организација. Добро организирана сила и извонредна дисциплина! Тоа одлучува за се! Тоа денес не постои во нашето општество – додаде рускиот режисер.