More

    Ученик украл 8 лаптопи од училиште

    spot_img

    Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери, информира МВР.

    Како што информираат од министерството, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од село Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот.

    Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img