Ковачевски: Од денеска се менуваат протоколите за постапување во случај на дојава за бомба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од денеска се менуваат протоколите за постапување во случај на дојава за бомба, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Поточно, како што појасни, тимовите на МВР повторно ќе прават проверки за да бидат сигурни дека дојавите се лажни, но наставата ќе продолжи.

– Не сме ја загубиле сајбер-војната и нема да ја загубиме. Ова се случува во голем број на држави членки на НАТО. Веќе МВР менува одредени протоколи – посочи премиерот, додавајќи дека денеска повторно ќе одржи состанок со раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за образование, за да се донеста дополнителни мерки, со цел да се овозможи редовна и непречена настава во училиштата.

Share This Article