По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 11 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, пет кривични дела „тешка кражба“, две „тешка кражба“ на дрзок начин и три кривични дела „кражба“ извршени на територијата на општините Штип и Карбинци од крајот на јануари и во текот на февруари годинава.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени А.Ј.(19), Е.Ј.(19), Ш.И.(20), Н.И.(34), Д.М.(34), И.Г.(47) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.
Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.