More

    Бојкотот на пекарската индустрија ги испразни и рафтовите за брашно во маркетите

    spot_img

    Бојкотот на пекарската индустрија ги испразни и рафтовите за брашно во маркетите. Граѓаните и денеска не можат да купат свеж леб во маркетите, бидејќи пекарската индустрија го продолжи бојкотот на владината одлука за замрзнување на цената на основниот полубел и бел леб на 33 денари. Дел од граѓаните панично купуваат брашно бидејќи сметаат дека и него ќе го нема.

    Граѓаните велат дека се преориентираат на домашен леб и затоа купуваат брашно.

    – Не се знае кога ќе има леб, затоа дојдов да купам брашно, па и него го нема. Маркетите не можат да постигнат со редење на пакетчињата. Го снемува за миг – вели граѓанка која решила дома да подготвува леб.

    Во продавниците велат дека имаат зголемена побарувачка на брашно и квасец, и дека не знаат до кога ќе трае бојкотот на пекарниците и кога ќе има нормално снабдување со леб.

    Од мелничко-пекарската индустрија и денеска молк во очекување на нова владина реакција. Во изјава за МИА нивни претставници велат дека се подготвени за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.

    Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.

    Пекарската индустрија во оваа новонастаната ситуација очекува поддршка од сите останати индустрии во земјава. Но, ова е добра прилика за мелничката индустрија да ја зголеми продажбата на брашно. Ситуацијата во земјава се обидуваат да ја искористат и пекарници од соседството. Тие најавија дека можат да обезбедат леб по пониска цена и од „замрзнатата“ и само чекаат понуда од трговците.

    Владата вчера соопшти дека нема да дозволи неоправдано покачување на цените.

    – Одлуката за замрзнување на цената на белиот и на полубелиот леб е донесена откако беше оставен доволен период за усогласување на цените по последниот пакет антикризни мерки, со навремена и реална помош од државата. Иако производителите на основните прехранбени производи добиваа субвенционирана електрична енергија, инспекцијата констатираше дека дел од производителите не ги намалија цените или ги намалија незначително. Институции, како Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе ги употребат своите ингеренции и механизми согласно Законот за трговија, односно Законот за заштита на потрошувачите, доколку одредени пекари престанале да произведуваат леб. Одлуката на владата, којшто е во интерес на граѓаните, останува. Институциите ќе реагираат соодветно за да ги заштитат – посочија од владата вчера на нашите прашања.

    Експерти со кои вчера контактираше Плусинфо велат дека владата не смее да дозволи граѓаните да останат без еден толку важен производ и предлагаат владата, ако треба, да воведе принудна управа на пекарниците за да го заштити јавниот интерес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img