More

    Путин бара нови сојузници? Тој испрати близок соработник во Куба

    spot_img

    Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин пристигна во средата на Куба, каде што разговараше со претседателот Мигел Дијаз-Канел, како и со поранешниот лидер на Комунистичката партија Раул Кастро, објави руската новинска агенција Тас.Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, Дијаз-Канел и Кастро разговарале за меѓународните проблеми и како да се продлабочи билатералната соработка, ја цитира Тасс прес-службата на рускиот Совет за безбедност.

    Минатиот месец Русија ѝ даде на Куба „итна“ донација од 25.000 тони пченица за борба против недостигот во таа земја, што е знак за продлабочување на односите меѓу двата долгогодишни сојузници, пишува Ројтерс.

    Русија, погодена од западните санкции поради конфликтот во Украина, се обидува да ги зајакне политичките и економските врски со другите земји кои се противат на, како што ја нарекува, хегемонијата на САД.

    На почетокот на оваа недела, Патрушев ги посети Венецуела и Алжир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img