More

    Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка по трагедијата

    spot_img

    Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица.

    – Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично – вели Караманлис.

    Toj oбјаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.

    – Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем – вели Караманлис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img