Жените во Европската унија имаат 3,6 пати поголема веројатност да бидат изложени на несакано сексуално внимание на работното место отколку мажите, објави Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound).
Веројатноста млада жена, на возраст од 18 до 34 години, да пријави несакано сексуално внимание е три пати поголема од маж на иста возраст да го пријави тоа, покажуваат резултатите од телефонското истражување за европските работни услови во 2021 година.
Здравствените работници пријавиле околу три пати поголемо ниво на несакано сексуално внимание од просекот на Европската унија – 5,7 отсто во споредба со 1,7 отсто.
Кај вработените во областа на информирањето и комуникацијата, несакано сексуално внимание е забележано во 0,3 отсто од случаите.