More

    Нови три тужби против актерот поврзани со убиството на Халина Хачинс

    spot_img

    Актерот Алек Болдвин е тужен од тројца членови на екипата на филмот „Рѓа“, тврдејќи дека претрпеле анксиозност и посттрауматско стресно растројство (ПТСН) откако Болдвин ја застрелал и убил снимателката Халина Хачинс, пишува ТМЗ.

    Тужбата ја поднеле Рос Адиего, Доран Кертин и Рис Прајс, кои биле во близина на актерот во моментот на инцидентот. Како што тврдат, тие претрпеле и оштетување на слухот откако актерот испукал куршум од пиштолот. Во тужбата навеле дека актерот не внимавал доволно на тренинзите со огнено оружје и дека не проверувал соодветно дали пиштолот е наполнет со куршуми.
    Потсетуваме, минатиот четврток против актерот беше намалено обвинението за убиство од небрежност, па можно е да добие и помала затворска казна. Досега можеше да добие затворска казна од минимум пет години, но со изменетиот обвинителен акт, во кој беше отстранета отежнувачката околност дека убиството е извршено со огнено оружје, затворската казна сега изнесува најмногу 18 месеци.

    Алек Болдвин се изјасни за невин на судењето во четвртокот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img