Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училиштата во Скопје се лажни.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки.

Share This Article