More

    Лавров не е толку оптимистичен, но „има надеж“

    spot_img

    Додека војната е во полн ек, а според украинските власт убиен е четврт по ред руски генерал за време на борбите во Мариупол, преговорите добиваат ветер во грбот. Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може, тврди главниот руски преговарач Медински, јави Тасс. Првиот човек на Кремљ вели дека „шведската неутралност“ на Украина Русија ќе ја сфати како компромис, додека за Сергеј Лавров „уште има шанси за компромис“.

    – Се водам од оценките дадени од нашите преговарачи. Тие наведуваат дека преговорите не одат добро од очигледни причини, но сепак постои одредена надеж за постигнување компромис. Таква оценка даваат и некои претставници на украинската делегација, на украинската страна, вклучително и вработени од кабинетот на претседателот Зеленски – рече Лавров.

    Лавров повтори дека трите руски барања се безбедноста, спасувањето на животите на луѓето во Донбас и спречувањето на нацизмот во Украина. Според него, секогаш постојат шанси за решение.

    – Би дал можност на преговарачите да работат во порелаксирана атмосфера, без подгревање нова хистерија – рече Лавров.

    Лавров изјави и дека одговорот на НАТО на повиците на Украина го оладил жарот на Зеленски.

    – Се сеќаваме како претседателот Зеленски неодамна, пред неколку недели, зборуваше за потребата НАТО да го затвори небото, да почне да се бори за Украина, да регрутира платеници и да ги испрати на фронтот – рече тој.

    – Алијансата, во која сè уште има здрави луѓе, го олади овој жар – смета Лавров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img