More

    Средба Битиќи-Џентилони: Северна Македонија е од стратешко значење за Унијата, дел е од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU)

    spot_img

    Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Брисел оствари средба со европскиот комесар за економија, финансии, даноци и царина- Паоло Џентилони.

    Заменик претседателот на Владата, Битиќи, оваа средба со комесарот Џентилони во Европската Комисија ја реализира во рамки на престојот во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг за Поглавје 9 „Финансиски услуги“ кој започна вчера и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“ кој ќе започне на 1 март, 2023 година.

    На средбата, двајцата соговорници се согласија дека Европската Комисија важи за силен партнер на Северна Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ.

    На средбата, Битиќи изрази голема благодарност за макрофинансиската поддршка, како и за поддршката на ЕУ поврзана со пребродување на тековната енергетска криза.

    Комесарот Џентилони потенцира дека целиот Западен Балкан е од стратешко значење за Унијата и дека целиот регион е дел од планот за енергетска транзиција на Европа (RePowerEU) кој има цел диверзификација на изворите на енергија и зголемување на капацитетите од обновливи извори на енергија.

    Џентилони исто така истакна дека ЕК го поздравува носењето на новиот Закон за органски буџет како голем реформски чекор за Северна Македонија.

    Комесарот Џентилони исто така даде и краток осврт на моменталната состојба во ЕУ, каде според последните зимски проекции во 2023 сепак најверојатно ќе биде избегната рецесија, како и очекувањето дека инфлацискиот притисок полека ќе се намалува.

    Вицепремиерот Битиќи ја потенцира големата важност на праведната енергетска транзиција и се заблагодари за поддршката која Северна Македонија ја има во овој сегмент преку проект на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

    Битиќи исто така се осврна на македонската економија која трговски е најизложена кон ЕУ и која во 2022 забележа висока стапка на инфлација најмногу поради зголемените цени на енергенсите, раст на БДП во рамките на проекциите од нешто под 3% и дека за 2023 година очекувањата се реалниот раст да биде 2,9% што е на линија со последните проекции на ММФ и Светска Банка.

    Вицепремиерот Битиќи информира дека Северна Македонија со помош на ЕУ, во текот на 2022 со зголемувањето на капацитетот на интерконекторот со Бугарија конечно се ослободи од 100% зависност при снабдувањето со гас од Газпром и сега на пазарот има можност да се појавуваат и други добавувачи на гас во Северна Македонија.

    Кога сме кај енергетиката, Вицепремиерот информира дека поради добрата местоположба во 2022 имавме бум на инвестиции во фотоволтаични централи, а интересот е се поголем и на почетокот од 2023.

    Вицепремиерот Битиќи истакна дека по примерот на ЕУ каде големите предизвици (пр: енергетска диверзификација) се решаваат заеднички преку соработка, така и регионот на Западен Балкан треба да презема заеднички координирани мерки, создавајќи меѓусебна зависност наспроти зависност од надвор со цел побрзо и полесно да може да ги пребродува кризите.

    Комесарот Џентилони се согласи дека клучот е соработката и дека оваа средба се случува точно навреме преку координирани мерки да може да се работи и на редефинирање на синџирите на снабдување, преку нивно доближување до земјите на ЕУ, а тоа секако е огромен потенцијал за земјите од Западен Балкан.

    Западен Балкан секако останува стратешки партнер на ЕУ и процесот на приближување на производството од далечниот исток секако ќе придонесе за голем дел компании да го префрлат своето производство во земјите од Западен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img