More

    Пет работи кои натпросечните интелигентни луѓе ги прават многу поинаку од другите

    spot_img

    Не треба да знаеме нечиј коефициент на интелигенција за да заклучиме дека таа личност е натпросечно интелигентна. Ќе препознаеме „Лумен“ и 5 работи кои тие ги прават поинаку од другите.

    1. Ги доведуваат во прашање дури и највкоренетите мислења и верувања

    Интелигентните луѓе не веруваат во се што ќе слушнат. Тие ја доведуваат во прашање традицијата, верувањата, етичките норми, целиот систем во кој живееме, всушност сè што постои. Ништо не земаат здраво за готово и не ја следат толпата, туку за се размислуваат критички и темелно истражуваат пред да формираат сопствено мислење.

    2. Интелигентните луѓе никого не воздигнуваат на рајот

    Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција ретко имаат идоли и ретко бараат некој да ги води низ животот. Тие знаат дека знаењето што го бараат и им е потребно може да го најдат во себе. Тие разбираат дека можеме да научиме нешто од секој човек во животот, но разбираат и дека тие самите не знаат сè.

    3. Тие се во постојана потрага по знаење

    Луѓето со висок коефициент на интелигенција никогаш не се задоволуваат со она што го знаат – тие секогаш копнеат по нови знаења и искуства. Уживаат да ги прошируваат своите умови и да се вклучат во интелигентен разговор секогаш кога ќе добијат шанса.

    4. Своите мисли ги претвораат во дела

    Натпросечно интелигентните луѓе знаат дека мислите и идеите не значат ништо без акција. Ако сакаат да стигнат каде било во животот, разбираат дека мора да го применат она што го знаат во конкретни акции.

    5. Ја знаат вредноста на времето поминато со себе во тишина

    Повеќе од сè друго, луѓето со висок коефициент на интелигенција ја знаат вредноста на времето поминато со себе и со своите мисли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img