More

    Зеленски: Ситуацијата во Бахмут се влошува

    spot_img

    Ситуацијата во градот Бахмут, на источната линија, станува „се потешка“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Руските сили се обидуваат да го освојат овој град повеќе од шест месеци.

    Непријателот постојано уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, рече Зеленски, пренесува Би-Би-Си.

    Зеленски ја коментираше ситуацијата во Бахмут откако американската министерка за финансии Џенет Јелен, за време на нејзината посета на Киев во понеделникот, ја предупреди Кина да не ја вооружува Русија.

    Некои од најжестоките борби откако Русија ја нападна Украина пред нешто повеќе од една година се случија во Бахмут, во украинската област Доњецк, чиј дел е под контрола на Русија и нејзините сепаратистички сојузници.

    Неодамна, напорите на руските сили да го заземат индустрискиот град се засилени, а нивните трупи се повеќе напредуваат.

    Сепаратистичкиот лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека „практично сите патишта“ во градот се „под контрола на руски оган“.

    Командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирскиј изјави дека ситуацијата околу Бахмут е „многу тешка“.

    „И покрај значителните загуби, непријателот ги вметнал најподготвените јуришни единици на Вагнер, кои се обидуваат да ја пробијат одбраната на нашите трупи и да го опкружат градот“, рече генералот Сирскиј.

    Зборувајќи за ситуацијата во своето ноќно обраќање, претседателот Зеленски рече дека стекнувањето упориште во Бахмут и обезбедувањето негова одбрана е многу загрозено од обновениот руски напад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img