Главата на згодната 28-годишна кинеска манекенка Аби Чои беше пронајдена во тенџере со супа, а случајот ја потресе цела Кина. За убиството се обвинети нејзиниот поранешен сопруг, неговиот брат и нивниот татко. Нивната мајка, пак, е уапсена поради попречување на истрагата, пишува Би-Би-Си.
Одбиена била кауција, а тие допрва ќе треба да зборуваат пред судот во Коулун.
Во тенџерето биле пронајдени череп, неколку ребра и прамени коса. Другите делови од телото, вклучувајќи го торзото и рацете, сè уште не се пронајдени. Во куќата во малата населба Таи По биле пронајдени и ножица за месо, електрична пила и неколку парчиња облека, соопшти полицијата.
Полицијата во Хонг Конг изјави за медиумите дека верува дека Чои имала финансиски спорови со огромни сум со нејзиниот поранешен свекор, сопруг и брат на сопругот. Поранешниот сопруг, Алекс Квонг, бил уапсен во саботата додека се обидувал да го напушти градот со глисер, соопшти полицијата. Неговите родители и постариот брат беа приведени еден ден претходно.
Аби беше познато лице во светот на модата. Таа неодамна се појави на насловната страница на магазинот L’Officiel Monaco и присуствуваше на овогодинешната модна недела во Париз.