More

    СКАНДАЛ – Црвената полумесечина им продаде шатори на жртвите од земјотресот во Турција

    spot_img

    Турската опозиција и медиуми во неделата силно ја критикуваа хуманитарната организација Црвена полумесечина дека продава наместо да дели шатори на жртвите од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари што ја опустоши југоисточна Турција.Според дневниот весник Џумхуриет, кој ја разоткри ваквата постапка, турската Црвена полумесечина продала 2.050 шатори на невладиното хуманитарно здружение Ахбап за 46 милиони турски лири (2,2 милиони евра).

    Овие шатори беа испратени во подрачјата погодени од земјотресот, напиша невладината организација на Твитер во неделата.Претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, на Твитер потврди дека Кизилај Кадир, огранокот на Црвената полумесечина задолжен за производство на шатори, доставувал засолништа на невладината организација Ахбап „по цена“.

    „Соработката меѓу Црвената полумесечина и Ахбап е морална, разумна и етичка“, тврди Киник.

    Но, неговите изјави дополнително ги налутија медиумите и социјалните мрежи.

    „Најголемата турска добротворна организација, Црвената полумесечина, продаваше шатори наместо бесплатно да им ги подарува на оние на кои им е потребна, додека луѓето молеа за шатор три дена по земјотресот. Тоа е скандал“, рече Мурат Агирел, новинар на Џумхуриет кој ја разоткри аферата.

    Турската влада беше обвинета дека не дистрибуирала доволно шатори или хуманитарна помош или не испратила доволно спасувачки тимови во деновите по земјотресот.

    Во спасувањето голем дел од товарот го понесоа невладините организации, меѓу кои и Ахбап и бројни волонтери.

    Црвената полумесечина тесно соработува со турските власти и добива официјални донации во бројни кампањи.

    Неколку истакнати опозициски лидери побараа оставка од претседателот на Црвената полумесечина. „Срам да ви е“, објави на Твитер Мерал Акшенер, претседател на националистичката партија Ији.

    Оваа недела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини оние кои ја критикуваа Црвената полумесечина дека се „нечесни и злобни“.

    Претседателот на водечката опозициска партија, Кемал Киличдароглу, на Твитер му одговори: „Ердоган, ги навредивте жртвите од земјотресот поради Црвената полумесечина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img