More

    Првите реакции од Москва и Киев се позитивни

    spot_img

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека Москва го цени планот на Кина за решавање на конфликтот во Украина и е отворена за опцијата за постигнување на целите на „специјалната воена операција“ преку политички и дипломатски средства. Таа додаде дека тоа би претпоставувало признавање на „нова територијална реалност“ во Украина, пишува Гардијан.

    Украинскиот претседател го коментираше и кинескиот мировен план за време на денешната прес-конференција по повод годишнината од руската инвазија.

    – Добро е што Кина зборува за Украина. Пекинг нема лоши намери. Според соопштението, Кина го почитува нашиот територијален интегритет. Но, прашањето е што следи по тие зборови. Прашањето е во чекорите и каде ќе водат тие. Некои точки

    Да потсетиме дека Кина повика на обновување на мировните преговори меѓу Русија и Украина со цел да се стави крај на војната. На веб-страницата на МНР Кина објави документ со 12 точки. Во првата точка ги повикува сите инволвирани страни да го почитуваат суверенитетот на сите народи.

    Го повикува светот „да се откаже од менталитетот на Студената војна“ со ставање крај на „сите еднострани санкции кои не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“. Да потсетиме, голем број земји воведоа санкции кон Русија, земјата која ја започна војната во Украина. Кина повикува на прекин на непријателствата преку дијалог и преговори, додавајќи дека Пекинг планира да „игра конструктивна улога“.

    Кина исто така бара решенија за хуманитарната криза предизвикана од војната, заштита на цивилите и воените заробеници и безбедноста на нуклеарните централи. Под насловот „намалување на стратешките ризици“ во кинескиот документ се наведува дека „нуклеарното оружје не смее да се користи“ и се изразува противење на каква било закана која вклучува нуклеарно оружје.

    Кина, исто така, повикува на олеснување на извозот на жито и одржување на безбедни индустриски и синџири за снабдување. Последната точка се однесува на „промоција на постконфликтна реконструкција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img