Абази оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Боки 13 и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговорите, видео снимките, транскриптите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски-Боки 13 и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговорите, видео снимките, транскриптите.

Од Обвинителството за „Макфакс“ посочуваат дека ќе ги земат сите материјали од Боки 13, а за кои осудениот посочи дека се докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата.

Оттаму посочуваат дека сослушувањето не може да го прави лично шефот Абази, како што бараше Боки 13, оти тоа според Законот за јавно обвинителство, го прават избраните обвинители.

Боки-13 пред два дена му испрати писмо на Абази во кое, меѓудругото, посочува:

„Поради тоа што располагам со сознанија и докази за сторени кривични дела од страна на високопрофилни личности од сферата на политиката, правосудниот систем и бизнис елитата, барам да бидам веднаш изведен со цел да ги поднесам кривичните пријави и да ви ги предадам сите докази со кои располагам во форма на аудио снимени разговори, транскрипти и остварени телефонски комуникации во форма на пораки, фотографии и видео записи, т.н. бомби“, напиша Боки-13 во писмото.

Share This Article