97 лица се регистрирани како позитивни на ковид-19

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани 97 нови случаи на ковид-19, битката со вирусот ја загубиле четири лица, а 61 пациент се води како оздравен.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на ковид-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 6, Куманово и Штип – по 5, Велес – 4, Охрид и Крива Паланка – по 2, Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022.

Направени се 824 тестови: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-21, Авицена-18, Биотек-19, Систина-43, лабораторија Лаор-7, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-7, Генеа-19, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 336.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.

Share This Article