Американската актерка и модел Каприс Бурет на социјалните мрежи објави серија провокативни фотографии на кои сака да изрази поддршка за Украина и да повика на мир во светот. Таа тврди дека тоа го направила намерно за да предизвика што повеќе реакции.Таа истакнува дека повторно објавила серија фотографии на кои позира гола – затоа што ја избришала својата прва мрежа на Инстаграм поради нивните правила за голотија.
На нејзиниот грб пишува: „Ј …. војна“.
– Овие фотографии кои ги променив се уште се провокативни, но и со силна порака. Очигледно го направив ова за да поттикнам што повеќе реакции. Ја имаме оваа моќна платформа за комуникација со светот, промовирање мир и притисок врз оние кои донесуваат одлуки во нашата … Ние луѓето, вклучително и оние кои храбро демонстрираат во Русија – на ризик да добиеме 15 години затвор, мора да престанеме оваа бесмислена војна – рече Каприс.