Најмалку 167 деца се убиени во Украина, а 279 се ранети, од почетокот на воените дејствија во земјава.
– Околу 927 училишта и други образовни институции се оштетени во гранатирање и бомбардирање – наведуваат од канцеларијата на јавниот обвинител во Украина на Телеграм.
Како што се информира, најголем број на деца – жртви, 81, се евидентирани во регионот Доњецк во источна Украина. Потоа следуваат бројки и од поширокиот регион на Киев со 78 и во областа на Харков со 64 малолетни жртви