80- годишнината од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” утре ќе биде одбележан со повеќе настани и на повеќе локации

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

80- годишнината од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе” утре ќе биде одбележан со повеќе настани и на повеќе локации.

Одбележувањето ќе почне во 9 часот со поворка на живите која ќе започне од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол – Империал Тобако ТКС.

По поворката, предвидени се свечени обраќања на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел-Северна Македонија Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот еврејски конгрес, Мариа Багдасарова – Европски еврејски конгрес и на Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ.

Одбележувањето продолжува во 11.30 часот на Градски гробишта Бутел – Скопје со положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ – Градски гробишта Бутел – Скопје и со обраќања на Радојка Хелман Денковска потпретседател на ЕЗРМ и Цега Мелаху, пратеник во Кнесетот на државата Израел.

Одбележувањето се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20 часот.

На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на Еврејската заедница РМ – Пепо Леви, амбасадорката на Израел Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Организацијата на одбележувањето е на Еврејската заедница и на Фондот на Холокаустот, а покровител е Владата.

Share This Article