На церемонија во Приштина беше потпишана апликацијата за членство на Косово во Европската унија, пишува агенцијата Анадолија.
Косовскиот премиер Аљбин Курти го најави овој потег на почетокот на декември, без да го открие точниот датум.
Тој побара од европските лидери „да размислуваат надвор од сегашните координати за напредок“ и изјави дека на Западен Балкан му е потребна конкретна поддршка и конкретни датуми – што ќе се случи во која година.