More

    75 нови случаи на ковид-19, почина 1 лице

    spot_img

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19:

    Очекувано, најмногу новозаразени има во Скопје (52), во Битола има 8, во Берово се 4, во Велес 3 граѓани имаа позитивен наод на тестирањето, додека по двајца сограѓани позитивни на ковид-19 имаа жителите на Охрид, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево.

    Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 12 реинфекции, додека 88 се оздравени.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86), кое животот го загубило во болнички услови на датум 31.05.2022 година.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img