Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на ковид-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции. Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (28.10 – 30.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)