More

    7.200 полицајци и жандарми „ќе бидат распоредени во Париз следните три дена за да спроведат забрана за минување на колони возила

    spot_img

    Речиси 7.200 полицајци и жандарми „ќе бидат распоредени во следните три дена за да спроведат забрана за минување на колони возила“, соопшти париската полиција, откако утрово илјадници противници на епидемиoлошките мерки воведени во борбата против пандемијата на ковид-19 стигнаа во предградијата на Париз .

    Оклопни возила на жандармеријата  се распоредени на улиците на главниот град за прв пат по протестите на „Жолтите елеци“ кон крајот на 2018 година, информираат медиумите.

    Премиерот Жан Катекс вети дека ќе истрае во спречувањето на блокадата на градот.

    -Ако го блокираат сообраќајот или ако се обидат да го блокираат главниот град, ние мора да бидеме многу цврсти во врска со тоа – изјави тој на телевизијата „Франс 2“.

    Париската полиција забрани собири поради „нарушување на јавниот ред“ и соопшти дека демонстрантите кои се обидуваат да ги блокираат патиштата ќе бидат казнети или уапсени.

    Наредбата за забрана за собирање на конвојот беше потврдена вчера од судовите, кои отфрлија две жалби.

    Стотици автомобили, кампери и комбиња од Лил, Стразбур, Шатобур и други места застанаа пред портите на Париз синоќа, но според полициски извор, ниту една колона не влегла во главниот град.

    Тие бараат укинување на сертификатите за „ковид“, кои се потребни за пристап до многу јавни простори, и дополнителна помош за плаќање на сметките за енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img