More

    Бектеши: Вкупно 20 отсто струја заштедиле најголемиот дел од иституциите во земјава

    spot_img

    Вкупно 20 отсто струја заштедиле  најголемиот дел од иституциите во земјава, по примената на мерката за штетдење од 15 отсто во однос на претходната година. Во дел од институциите заштедата надминала и  25, но има институции кои ја зголемиле потрошувачката на струја.

    Според министерот за економија Крешник Бектеши  6 државни  институции не заштедиле 15 отсто колку што е цензусот.

    -Единствено административната зграда на Министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка на струја. Министер за здравство заштедило само 2 отсто, за надворешни работи 8 отсто, колку што заштедило и министерството за одбрана- рече Бектеши.

    Затедата кај 17 државни претпријатија во септември изнесува само 8 отсто. Поголема потрошувачка на струја имаат две претпријатија. Едното од 10 отсто а Водостопанство пак ја згоглемило потрошувачката на струја за 20 отсто.

    111 институции не потпишале договор со снабдувач и се на снабдувач во краен случај.Такви се основните училишта, министерства и здравствени инситуции.

    Општините заштедиле 29 отсто струја. 25 отсто не постигнале заштеда од 15 отсто. Најмногу отстапуваат од цензусот за заштеда на енергија општините Арачиново , Гостивар и Свети Николе.

    Бектеши апелираше институциите да штедат енергија и најави дека ќе има казни за оние раководители во институциите каде нема заштеди на струја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img