More

    6 лица се обвинети за копањето на тунелот во Вишиот суд

    spot_img

    Вршителот на должноста директор на црногорската полициска управа Никола Терзиќ изјави дека полицијата знае кои се луѓето кои го ископале тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица и дека во кривичната пријава ќе бидат опфатени 6 лица, меѓу кои има и државјани на Србија.

    – Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава од СВР ќе бидат опфатени 6 лица – М.М.(53), Ј.Д.(30), М.В.(32), В.Е.(32), сите државјани на Србија, како и две непознати лица – рече Терзиќ.

    Тој додаде и дека „инвеститор“ на акцијата е сериозна криминална група од Црна Гора.

    – Нема да кажам која е за да не ја загрозам истрагата. Не стигнавме до оние кои платиле не толку мала инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор – рече Терзиќ.

    Тој најави и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дополнителни информации, пренесува РТЦГ.

    Истрагата ја води Основното државно обвинителство во Подгорица, а досега се осомничени најмалку 9 лица, меѓу кои и една жена.

    Кражбата на судското депо е забележана на 11 септември, по што било откриено дека од стан на улицата „Његошева“ до депото на Вишиот суд бил ископан тунел.

    Комбето што го користеле осомничените го пронашла полицијата на 13 септември.

    Откриен е и стан во населбата Забјело во Подгорица, каде наводно престојувале осомничените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img