Направени се 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 39 новозаболени, во Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино по 2, Радовиш и Штип по 1.
Од вкупниот број позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции. Регистрирани сe 90 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85) и од Битола (60), во домашни услови во периодот од 20.08-14.09.2022.
Досега во земјава се дијагностицирани 342.469 лица, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.