57.163 денари во јануари за најскромна живеачка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56.522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72.538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара.

Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21.007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4.803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1.797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1.115 денари или 2 отсто, на транспорт 4.759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2.709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4.205 денари или 7,4 проценти, на образование 7.022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3.733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.

Share This Article