Вчера на пладне 44-годишен жител на Новаци бил најден во безсознание во РЕК Битола, додека смрт била констатирана во битолската болница.
„На 28.12.2023 во 12.33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С.(44) од с.Новаци, битолско, кој во 12.45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола“, информираат од СВР Битола.
Оттаму велат дека увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.