Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 38-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 38-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 18.10.2024 година (петок) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 37-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Дебрца во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП)
- Предлог – Одлука за определување надоместок на надворешен член во комисија
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на конунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
- Предлог – Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски