36-годишен мотоциклист од село Ерџелија е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Велес-Штип. Повредениот со мотоциклот удрил во стадо овци што го преминувале патот, при што паднал на патот и завршил со сериозни повреди.
„На 08.10.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, клучка за с.Каратманово, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36) од с.Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе“ – стои во известувањето од МВР.