More

    35 од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија на клучката за село Марвинци

    spot_img

    Триесет и пет мигранти од вкупно 49 се повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија на клучката за село Марвинци откако камион „сканија“ со скопски регистарски, таблички, во кој се превезувале, излетал од патот.

    Според информациите од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, еден од мигрантите е со потешки повреди, а останатите имале полесни повреди.

    – Според кажувањата на мигрантите сите се од Сирија, некои имале патни исправи, а некои немале. Синоќа во 18:10 часот е пријавено дека товарно возило излетало од патот на клучка од село Марвинци кон М1, регионален пат Гевгелија – Демир Капија. Возачот побегнал, а на местото на излетувањето на камионот се пронајдени мигрантите – изјави Трајанова.

    Повредените биле пренесени во гевгелиската и во струмичката болница, а по укажаната помош еден е задржан на лекување во Гевгелија и еден е испратен на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

    – Мигрантите беа донесени со возила на итната медицинска помош од Валандово, Кавадарци, Неготино и од Гевгелија. Вкупно беа згрижени 24 лица со различен тип и тежина на повреди. По направените прегледи констатирано е дека 22 лица се со полесни повреди и по санирањето се испратени во Прифатниот центар „Винојуг“. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во нашата болница. Според информациите од колегите тоа е во добра здравствена состојба и ќе биде префрлено во Прифатниот центар – изјави д-р Митко Крџев, директор на болницата во Гевгелија.

    Единаесет од повредените мигранти синоќа биле примени во струмичката болница, каде по укажаната помош се пратени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img