Дали некогаш сте се запрашале што е квадрат или правоаголник на дното на вашата паста за заби?
Долго време се сметаше дека е ознака која во зависност од бојата го претставува степенот на штета по здравјето на луѓето.
Имено, на интернет кружеше објаснување дека зелената боја на квадратот значи дека се работи за природен производ, сината ќе биде ознака за природен медицински производ, црвената природни и хемиски состојки, а црната само хемиски состав.
Но, ништо од тоа не е точно. Работата е многу поедноставна. Имено, овие квадрати претставуваат оптички читачи и благодарение на нив машината во производство знае каде е крајот на амбалажата, односно количината што се наоѓа во неа, а тоа е местото каде што цевката може да се исече и затвори.
Покрај тоа, пастите за заби не се единствените производи кои имаат такви квадрати. Тие се на пакувањето на лосиони, креми за сончање, тетрапакувања млеко или кутии со житни снегулки.