Во североисточниот дел на Тајланд, поранешен полицаец отвори оган во градинка, при што загинаа најмалку 31 лице, меѓу кои 23 деца.
Најмалку 31 лице, меѓу кои и деца, загинаа во пукање во градинка во Тајланд. Според британскиот весник „Гардијан“, нападот се случил попладнето кога децата спиеле.
Убил деца и возрасни во градинката кога пукал во нив, а некои ги избодел и со нож. Засега не е познат мотивот за неговиот напад во градинката.
Според досегашните информации, се уште е нејасно што се случило со сторителот: според Би-Би-Си, тој побегнал од местото, а според Си-Ен-Ен, напаѓачот откако го убил семејството, се самоубил.
Според Би-Би-Си, сторителот е 34-годишниот поранешен полицаец Пања Камраб. Според Би-Би-Си, тој бил отпуштен од полицијата поради употреба на дрога.