Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 27-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 27–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 11.12.2023 година (понеделник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 25-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 26-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода (град) што ја зафати општина Дебрца во Јуни 2023 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски