More

    На овогодинешните настани за вработување „Живот и работа во Словенија“ кои ќе се одржат од 2 до 4 декември, во Скопје, Штип и во Прилеп, ќе се претстават 22 компании и јавни институции од Словенија кои заедно вработуваат преку 17.000 работници

    spot_img

    На овогодинешните настани за вработување „Живот и работа во Словенија“ кои ќе се одржат од 2 до 4 декември, во Скопје, Штип и во Прилеп, ќе се претстават 22 компании и јавни институции од Словенија кои заедно вработуваат преку 17.000 работници. Дел од нив ќе ги претставиме во овој текст, односно ќе можете да прочитате за какви компании станува збор и какви кадри им се потребни. Тие доаѓаат, со цел да обезбедат веродостојни и сеопфатни информации за условите за вработување коишто ги нудат и да овозможат директно да ги контактирате, со можност и да се вработите кај нив.

    Една од компаниите која доаѓа на настаните е „Arriva D.O.O.“ од Крањ и е една од најголемите автобуски компании во Словенија, која обезбедува превоз на патници во линиски и градски сообраќај. Arriva во Словенија вработува повеќе од 1.000 луѓе, кои управуваат со над 600 возила. Компанијата е активна во речиси сите поголеми градови во Словенија кои ги поврзува. На своите вработени им обезбедува безбедна и мотивирачка работна средина, со соодветни награди за работењето и пакет на плати кои се едни од најдобрите во областа на автобускиот превоз. Секој нововработен добива и бонус при вработувањето. Кадри кои се бараат во моментов се возачи на автобуси.

    Реномираната производствена компанија Перутнина Птуј ДОО нуди вработување за: работник во производство, процесен оператор, оператор во производство и ноќен чистач. Таа е една од водечките производители на месо и производи од живина во Словенија и земјите од Југоисточна Европа, со вкупно над 5.000 вработени. Присутна е во 7 земји со 14 производствени капацитети и 3 трговски компании. Таа е дел од групацијата MXП, една од водечките меѓународни групи во прехранбената индустрија и производството на живинско месо во Европа. Оттука, компанијата обезбедува работни услови по врвни стандарди, и се грижи за образованието и професионалниот развој на своите вработени, за кои сметаат дека се клучот за успехот на секое претпријатие. Во таа насока, ја споменуваат и својата програма за здрав начин на живот и соодветно усогласување на работните и семејните обврски.

    Во последно време, компанијата ги зголемила платите и исплатила натпросечен регрес. Како резултат на успешниот раст, бараат нови соработници на сите нивоа, кои покрај основните плати се наградуваат по систем на ПП ѕвезди за исклучителни придонеси и постигнувања на вработените.

    Од областа на угостителството и туризмот доаѓаат од ТЕРМЕ ОЛИМИА ДД еден од водечките словенечки велнес и спа центри. Компанијата е позната по висококвалитетни услуги, пријатна средина и комплетна понуда, што привлекува гости како од Словенија, така и од странство. Во компанијата работат повеќе од 300 луѓе од различни земји, што придонесува за богата културна разноликост. Терме Олимиа ги поттикнува своите вработени на личен и професионален развој, им нуди бројни поволности и организира настани за зајакнување на добрата работна атмосфера. Моментално имаат потреба од готвач, одржувач, собар-чистач, рецепционер, келнер, мијач на садови, и помошник во кујна.

    Терме олимиа

    Покрај приватните компании, вработување нудат и здравствените институции како што е Zdravstveni dom dr. Adolfa Drolca Maribor и Онколошкиот институт во Љубљана.

    Здравствениот дом д-р Адолф Дролц Марибор е вториот најголем здравствен дом во Словенија, за примарна и секундарна здравствена заштита. Во рамките на установата функционираат 7 организациони единици: Општа здравствена заштита; Итна медицинска помош; Медицина на трудот, транспортот и спортот; Стоматолошка заштита; Заштита на деца и млади; Заштита на жени и Патронажна заштита.

    Установата се грижи за постојан професионален развој, подобрување на здравствените услуги, пристапност и реактивност, како и оптимизација на работните обврски на вработените, развој на дигитализацијата, меѓу-институционално решавање на здравствените предизвици и обезбедување соодветна инфраструктура. Тековно имаат потреба од матичен лекар, специјалист педијатар, заболекар, специјалист по ортодонција, лекар по медицина на труд и спорт и негувател.

    Онколошкиот институт Љубљана, во својата преку 85-годишна историја, стана водечка установа во Словенија во областа на онкологијата. Институтот е посветен на квалитетот, извонредноста и сеопфатниот пристап кон секој пациент. Здравствените тимови, составени од искусни експерти од различни области и профили, се стремат да обезбедат врвна мултидисциплинарна здравствена грижа и да им пружат поддршка на пациентите во секој чекор од нивниот третман.

    Институтот нуди пријатна работна средина, полна со предизвици, заемна помош и поддршка, здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, можности за образование, помош при наоѓање сместување, организирање и покривање на трошоците за курс по словенечки јазик, како и уредување на нострификација на потврдите за образование на сопствен трошок.

    Тие бараат мотивирани поединци кои веруваат во важноста на стручноста, извонредноста и поддршката во здравствената грижа на онколошките пациенти. Тековно имаат потреба од медицинска сестра со средно образование, дипломирана медицинска сестра, лекар по патологија, и лекар по цитопатологија.

    Настаните „Живот и работа во Словенија“ се во организација на Заводот за вработување на Р. Словенија и ќе се одржат од 10 до 17 часот во Скопје – 02.12.2024, во хотелот „Даблтри бај Хилтон Скопје“, во Штип – 03.12.2024, во хотелот „Оаза“ и во Прилеп – 04.12.2024, во хотелот „Кристал Палас“. Ќе присуствуваат реномирани и успешни фирми, кои ќе понудат работни места за најразлични профили на работници, меѓу кои и за ниско и за високо квалификувани кадри. Сѐ што треба да направите е да дојдете и да поразговарате, а претходно можете да се информирате на веб страницата zivotirabotavoslovenija.mk за сите работни места кои се нудат. Работодавците можете и самите да ги контактирате, доколку не сте во можност да дојдете, на контактите и линковите кои се наоѓаат на веб страницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img