More

    25 години од заминувањето на британската војска

    spot_img

    Хонгконг ги надмина своите предизвици и стана од пепелот, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг при посетата на градот.

    Си заедно со сопругата Пенг Лијуан допатува во градот за да присуствува на одбележувањето на 25-годишнината од враќањето на поранешната британска колонија под власта на Пекинг и инаугурацијата на новиот градски водач Џон Ли.

    Доаѓањето на Си со брз воз претставува негова прва посета на Хонгконг од 2017 година и прво патување надвор од континентална Кина по две години, поради епидемијата од коронавирусот.

    – Хонгконг одново и одново издржа тешки тестови, совладувајќи ги предизвиците еден по еден – истакна тој за време на кусиот говор.

    Тој додаде дека Хонгонг „по дождот и ветрот, стана од пепелта“.

    Меѓу оние кои ги пречекаа Си и неговата сопруга, беше и лидерката на Хонгконг во заминување, Кери Лам, во друштво на својот сопруг.

    Обезбедувањето на железничката станица беше строго, а полицијата вршеше проверки запирајќи и претресувајќи, имаше помош од кучиња трагачи.

    Хонгконг ѝ е предаден на Кина на 1 јули 1997 година, по 156 години британско колонијално владеење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img