25 лица тргнале кон Киев, а ги издала фракција во руската служба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот весник „Киев пост“ објави дека пропаднал новиот обид за атентат на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Весникот пишува дека недалеку од границата со Словачка и Унгарија е уапсена воена група од 25 лица предводена од руски специјални служби.

Екипата обучени убијци, наводно, била уапсена од полицијата во Ужгород, на западот на Украина, додека биле на пат за Киев, објави „Билд“.

Извори на контраразузнавањето во Киев за агенцијата УНИАН изјавиле дека во групата имало и агент на руската тајна служба. Тимот, наводно, имал наредба да го убие Зеленски и да се инфилтрира во украинската влада.

Агенцијата УНИАН исто така тврди дека информациите за обидот за атентат на украинскиот претседател, вклучувајќи ја и локацијата на која се наоѓа тимот, биле добиени од антивоена фракција во рамките на самата руска тајна служба.

Според официјален Киев, апсењето е последниот неуспешен обид за атентат на украинскиот лидер. Наводно, Зеленски бил цел на планови за атентат повеќе од десет пати од почетокот на руската воена акција кон крајот на февруари. Меѓу оние кои се обиделе да го убијат Зеленски се спомнува и групата платеници Вагнер.

Share This Article