More

    25-годишно момче од Берово почина од сепса откако поправало заб во болницата во Штип

    spot_img

    Со големо жалење мора да ви потврдиме дека е точна информацијата којашто денеска се шири на социјалните мрежи за смртта на 25-годишното момче од Берово кое се лекуваше во нашата болница.

    Ова за Плусинфо го изјави лицето одговорно за односи со јавност во Клиниката во Штип, Марина Шуманска, која не сакаше да ни ги открие деталите, односно причините поради коишто дошло до прераната смрт.

    – Докторот сега треба да го подготви извештајот за смртта на младиот пациент и тој извештај ќе биде доставен и до медиумите, ама утре. Јас не би сакала сега да навлегувам во детали околу причините за прерано згаснатиот млад живот, затоа што тоа е стручна работа – изјави Шуманска за Плусинфо.

    Инаку, на социјалните мрежи денеска масовно се споделува фотографијата од 25-годишниот беровец Јован Димовски, за кого се тврди дека починал од сепса предизвикана на забар во болницата во Штип.

    „Само во нашата држава, само со нашето зрдавство, само со нашите ‘професионални’ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што се предизвика на Ванчо животот да му згасне на само 25 години. Ова е срам за цела држава! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веке еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со ‘како рекол Бог’? Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш, ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно“, се вели во една од објавите посветени на прерано починатиот Јован.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img