More

    2023 година е година на Тејлор Свифт

    spot_img

    2023 година е година на Тејлор Свифт. Магазинот „Тајм“ ја прогласи американската пејачка и текстописец за личност на годината една недела откако Спотифај објави дека нејзината музика има најмногу стримови на платформата за стриминг.

    Свифт беше избрана за личност на годината во група од девет финалисти, вклучувајќи ги Барби, кралот Чарлс Трети и извршниот директор на развивачот на вештачка интелигенција OpenAI, Сем Алтман.

    „Додека нејзината популарност расте во текот на децениите, ова е година кога 33-годишната Свифт постигна еден вид „нуклеарна фузија“ – обединувајќи ја уметноста и комерцијалниот успех за да ја ослободи енергијата на историската сила“, е напишано во образложението на одлуката на магазинот „Тајм“.

    Свифт собори рекорди во забавната индустрија оваа година, со нејзината турнеја „Ерас“ и со концертниот филм со заработка од 92,8 милиони долари во првиот викенд. Севкупно, турнејата и филмот се очекува да донесат приход од речиси 2 милијарди долари.

    „Моите обожаватели мораа навистина да се потрудат за да дојдат до билети. Сакав моите концерти да бидат подолги отколку што некој очекувал, бидејќи така се чувствувам добро кога ќе го напуштам стадионот“, изјави Свифт за „Тајм“.

    Тејлор го реиздаде својот албум „1989“ со поголема креативна слобода, а нејзината врска со НФЛ играчот на Канзас Сити Чифс донесе нов бран гледачи во НФЛ, додека нејзините стотици милиони обожаватели на социјалните мрежи сакаа да знаат нешто повеќе за нејзиното ново момче.

    Неколку американски факултети имаат курсеви за нејзината музика.

    „Затоа што изгради свој свет, во кој имаше место за многу други, затоа што ја претвори својата приказна во глобална легенда и донесе радост на општеството на кое радоста му е очајнички потребна, Тејлор Свифт е личност на годината за 2023 година на „Тајм“, напиша Сем Џејкобс, главен уредник на „Тајм“.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше личност на годината за 2022 година на „Тајм“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img